Самир Фазли, искусниот офанзивец, кој минатата сезона настапуваше за Македонија ЃП, и официјално е нов член на Туран. Тоа е клуб од елитната лига на Казахстан. Фазли таму ќе го носи дресот со број 95.
И покрај техничките проблеми со регистрацијата, поради затворање на преодниот рок, медиумите од Казахстан јавуваат дека раководството на Туран сепак нашло начин да го регистрира некогашниот македонски репрезентативец.
Инаку ова на Фазли ќе му биде уште еден интернационален предизвик, тој досега настапуваше за клубови од Холандија, Швајцарија, Хрватска, играше и за Шкендија, сега на ред е Туран од Казахстан.