Словачка подобра од Црна Гора: Утре против Словаците за трофејот „Чајка“

143

Одбојкарите на Словачка славеа над Црна Гора со 3:0 (25:18, 25:17, 25:15) во вториот меч на 45. Издание на Меморијалот „Чајка“ во Скопје. Со беспрекорна игра во којашто функционираа сите елементи на составот на селекторот Марек Кардош, Словаците дојдоа до убедлив триумф и практично закажаа финале со нашата селекција утре во последниот меч на турнирот.

Коректорот Михалович беше најефикасен со 14 поени, Кришко заврши со 11, а Патак и Крајчовиќ освоија по 9.

Утре од 20 часот македонските одбојкари ќе играат со Словачка за освојување на трофејот на Меморијалниот турнир.

Фото: Facebook Одбојкарска федерација на Македонија

ПретходноДрагарски и Теута ја завршија соработката
СледноЕвертон испрати понуда од 25 милиони евра за фудбалер на Лацио