Трансферот на Николов во Шериф е првиот поголем трансфер на менаџерот Остоја Стјепановиќ!

2308

Екс-капитенот на Вардар помогна да се реализира трансферот на некогашниот вардарец во Шериф Тираспол. Вардарова врска. Остоја Стјепановиќ како менаџер помогна Бобан Николов денеска да потпише договор со најдобриот клуб од Молдавија и веројатно цела есен да игра во групната фаза во Лигата на Шампионите.

Сепак и покрај тие 3:0 од првиот меч, треба да се мине “Максимир“, а на реваншот со Динамо нашиот репрезентативец нема право на настап.

Да кажеме дека ова е прв поголем трансфер на новиот менаџер Остоја Стјепановиќ.

Па, може да се каже. Куса е мојата менаџерска кариера, само што започна, што се вели. Заедно со мојот партнер Роберт Битерих успеавме да помогнеме да се реализира трансферот на Николов во Шериф Тираспол. Ние сме задоволни, Шериф е добра средина за продолжување на кариерата на Николов. Инаку договорот е потпишан на една година со можност да се продолжи за уште една“ изјави за Спортмедиа, некогашниот наш репрезентативец, екс – капитен на Вардар, фудбалер на Работнички, Македонија ЃП, Висла Краков, Матерсбург… а сега менаџер, Остоја Стјепановиќ.

ПретходноСевиља не застанува – го објави петтото засилување
СледноПрвпат по 19 години реализиран трансфер меѓу ривалите Ливерпул и Евертон