Веднаш по завршувањето на натпреварите од претквалификациската фаза за пласман на Светскиот Куп, Извршниот директор на ФИБА-Европа, г. Камил Новак испрати честитка за пласманот на нашата најдобра селекција во квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година.
„Во име на ФИБА Европа, би сакал да ви го честитам пласманот на вашиот машки национален тим во квалификациите за ФИБА Светскиот Куп 2023 кои стартуваат во ноември. Ви посакувам многу среќа во ждрепката и на натпреварите кои следуваат. И би сакал да ви се заблагодарам за вашите континуирани обиди за придонес во европската кошарка“– стои во честитката од европската зона на ФИБА упатена на адреса на водечките луѓе на федерацијата.