Ѓоковиќ ќе игра на УС Опен

508

Новак Ѓоковиќ дефинитивно ќе учествува на УС Опен, оваа информација за српските медиуми ја потврди селекторот на Дејвис Куп репрезентацијата, Виктор Троицки.

Ноле на неславен начин го заврши минатогодишниот турнир во Њујокр, беше дисквалификуван, а беше под знак прашалник сега поради повредата и емотивното празнење на Олимписките Игри. Сепак најдобриот тенисер успеа да се рехабилитира на време и ќе се обиде да ги освои сите Грен слем трофеи во 2021 година.

На УС Опен нема да биде бранителот Доминик Тием кој се откажа поради повреда, Роџер Федерер оди на операција, додека Рафаел Надал се уштесе нема огласено дали ќе игра.

УС Опен ќе се одржи од 30. август до 12. септември.

ПретходноДурент разочаран: Заслужувам поголема оценка на НБА 2К22
СледноВалверде: Меси? Подобро никој да не ја знае вистината