Борко Ристовски: Рано е да се даваат оценки за Лазаров, апел до Мојсовски – побрзо да се разбуди!

6274

Борко Ристовски уште еднаш излезе во јавноста и без „влакно на јазикот“ зборуваше за спортот. Вардаровиот голман, кој се рехабилитира по операцијата на менискусот беше гостин во емисијата „Жешко столче“.

Меѓу првите теми кои ги отвори е неговото отсуство во нашиот најдобар национален тим, како и одлуката на селекторското место да биде Кирил Лазаров.

„Не се чувствувам запоставен, напротив 20 години бев дел од таа репрезентација, растев со таа репрезентација низ многу години неуспеси. Стигнавме до едно високо ниво кое е високо за овие балкански простори, направивме историски успех.
Ситуација е таква каква што е, не ми е криво што не сум таму, има млади голмани кои заслужуваат да бидат дел од таа репрезентација. А за начинот на кој не сум таму ќе кажам подоцна, сега не е вистинско време.
 

Не е причината моето пријателство со Кире. Од моја страна можам да кажам дека имам коректен и чесен однос. Рано е да се даваат оценки за тоа каков селектор ќе биде. Со неговото име и реноме заслужува да биде селектор, дали ќе успее и ќе биде добар селектор како ракометар ќе покаже времето“, рече Борко.

Борко објасни која е неговата цел кога станува збор за политиката и зошто постојано бунтува кога има неправди.

„Финансиски сум независен, моето семејство е обезбедено преку она што го заработив преку спортот. Мислам дека е време да се стави крај на она што се случува во спортот, влегуваат луѓе само да имаат финансиски бенифит, тоа ме испровицира за да влезам во спортот. Чесните луѓе заслужуваат да имаат еден поинаков однос од државата“.

Ристовски испрати и порака до својот некогашен соиграч од репрезентација, Наумче Мојсовски, кој е на чело на Агенцијата за млади и спорт.

„Кога стана директор на Агенција за млади и спорт, јас му прати порака и му честитав. Му кажав додека работи за интерес на спортот, ќе ја има мојата поддршка. Иако имаме различно политичко размислување, можеме да се најдеме на половина пат, секако се за доброто на спортот, а не за богатење, тука не правам компромис, особено за криминал.

Немал до сега големи киксови. Не можам да кажам дека позитивно ја тера работата,  верувам дека се бара во новата функција. Апел од мене – да се разбуди на време и да работи за спортот“.

Во продолжение погледнете го целото видео, Ристовски зборува за Перо Антиќ, за неговиот син, како и одлуката да се врати во Вардар наместо да ги одработи останатите две години во Бенфика.

ПретходноВалверде: Меси? Подобро никој да не ја знае вистината
СледноОд 1. септември може да биде познато името на новиот тим на Халанд