БРОЈКИ: Мекиќ е најефикасниот играч на Македонија, Вајли прв скокач

123

Адем Мекиќ беше некако најекспонираниот играч во нашиот сениорски состав во овие четири преквалификациски натпревари преку кои обезбедивме пласман во квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година.

Крилниот кошаркар одигра во просек по 34.5 минути по натпревар, доста повеќе во однос на Бојан Крстевски кој е вториот и последен кој на теренот поминуваше повеќе од 30.минути (поточно 31.6 минути).

Мекиќ е и нашиот најефикасен играч во овие натпревари. Застана на просечни 15. поени по натпревар. Зад неговиот, се ефектите на Џејкоб Вајли (12.5) и на Бојан Крстевски (12.3). Тој е и трет скокач во репрезентацијата со просечни 4.5 скока.

Севкупно гледано, највисок индекс на корисност има Вајли, – просек од 17 индексни поени, пред Мекиќ кој има 14, и капитенот Бојан Трајковски со 12.

Американецот со македонски пасош е нашиот најдобар скокач, во просек реализираше по 7.3 скока по меч, а Бојан Крстевски има по 4.8.

Кристијан Николов е нашиот најдобар асистент на турнирот во Скопје. Младиот бек во просек реализираше по 4.8 асистенции. Андреј Магдевски имаше една помалку, а Бобан Стајиќ уште по 3.3 додавања.

Кои ќе ни бидат противниците во групната фаза ќе стане јасно на 31. август, кога е закажана ждрепката за квалификациските натпревари во осумте натпреварувачки групи.

НАЈДОБРИ ПОЕДИНЕЧНИ ЕФЕКТИ

ИНДЕКС НА КОРИСНОСТ

Џејкоб Вајли           17.0

Адем Мекиќ           14.0

Бојан Трајковски  12.0

ПОЕНИ

Адем Мекиќ           15.0

Џејкоб Вајли           12.5

Бојан Крстевски    12.3

СКОКОВИ

Џејкоб Вајли           7.3

Бојан Крстевски    4.8

Адем Мекиќ           4.5

АСИСТЕНЦИИ

Кристијан Николов          4.8

Андреј Магдевски           3.8

Бобан Стајиќ          3.3

ПретходноНиколов пред потпис со клуб кој ќе игра во Лигата на Шампионите!
СледноСамарџиски после две години се враќа во Македонија