Рафаел Варан како и Едисон Кавани би требало да се најдат во составот на Манчестер Јунајтед за претстојното гостување на тимот кај Саутемптон викендов. Мечот е закажан за 15:00 часот в недела, а Јуајтед би требало да биде посилен за двете свои големи имиња.
Варан ако се биде во ред би требало и да дебитира, а Кавани не беше дел од првото коло и големиот триумф против Лидс на домашен терен, но сега со оглед на фактот што полека влегува во посакуваната физичка форма, би требало да помогне во одреден дел од мечот.