Двоен пораз на Ѓорческа на ИТФ турнирот во Врњачка бања

75

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа е поразена во сингл и во двојки на турнирот во Врњачка бања (Србија). Во сингл конкуренција Лина пројде две кола, прво ја совлада словенечката тенисерка Веронија Ерјавец, потоа јапонската тенисерка Фуна Козаки, но во четвртфиналето е запрена од словачката тенисерка Ана Сискова со 2:0 по сетови 6:3 и 6:1.

Потоа Лина во тандем со Украинката Валерија Стракова играше во полуфинале против бразилско-венецуелската комбинација Каролина Алвес и Андреа Гамиз и изгуби во тесна борба. Лина и Валерија го добија првиот сет со 6:4, во вториот изгубија во тај-брејкот 7:6(5), а во последниот решавачки во жесток ритам потклекнаа во клучните моменти 12:10.

ПретходноЕ.Пелистер и Мешков Брест сепак пред празни трибини
СледноВаран и Кавани во комбинација за против Саутемптон