Како што дознава “Спортмедиа“, Бобан Николов е пред потпис со клуб кој во оваа сезона најверојатно ќе игра во групната фаза во Лигата на Шампионите. Станува збор за тимот на Шериф Тираспол, гигантот на молдавскиот фудбал. Тим која ја “уништи“ Ц. Звезда во 3.квалификациско коло во ЛШ, а во плеј-офот, го “сомле“ Динамо Загреб со 3:0 на првиот меч во Тираспол. Затоа и велиме дека најверојатно ќе игра во групната фаза во ЛШ.
Меѓу менаџерите на еден од нашите најдобри фудбалери и раководството на Шериф се водат завршните преговори и многу брзо, може и за неколку часови, трансферот да биде официјализиран.
Николов по заминувањето од Лече имаше неколку понуди, и од клубови од Серија А, но сепак се чини дека понудата на молдавскиот шампион е најдобра, а и фактот дека ќе игра во Лигата на Шампионите, го “натера“ Македонецот кариерата да ја продолжи во Шериф. Таму, според нашите сознанија, Николов ќе биде еден од најплатените играчи, а на Шериф му е неопходно големо засилување во средниот ред, токму она што е Бобан Николов.
Да потсетиме, нашиот репрезентативец по заминувањето од Вардар со успех настапуваше во МОЛ Фехервар неколку сезони, а во пролетниот дел своите квалитети ги потврди и во Лече.
На крај да кажеме дека за Шериф во минатото, единствен од нашите фудбалери, со успех настапуваше стоперот Јасмин Мециновиќ. Николов ќе биде вториот Македонец кој ќе игра за овој клуб во неговата историја.