Ливерпул и Евертон се градски ривали, па ретко се случува фудбалер од едниот клуб да направи директен трансфер во другиот. Тренерот Рафаел Бенитез ова лето го презема кормилото на Евертон, а навивачите на Ливерпул му најдоа замерки поради тоа што во минатото беше тренер на „Енфилд“. Сепак, Рафа одамна беше во Ливерпул, во меѓувреме работеше во Интер, Реал, Наполи, Њукасл, во Кина, па сега дојде во Евертон.
Денеска, за првпат по 2002 година фудбалер го напушта едниот клуб за да премине кај соседот. Се работи за 37-годишниот голман Енди Лонерган кој од „Енфилд“ оди на „Гудисон парк“. Инаку Лонерган е дел од Ливерпул од сезоната 2019/20, но не заигра ниту еднаш на „Енфилд“, минатата сезона ја помина на позајмици во Стоук односно ВБА.
Сега Лонерган на повик на Бенитез прави трансфер во Евертон и тоа поради повреда на еден од резервните голмани во тимот од „Гудисон парк“. Инаку последен ваков директен трансфер меѓу клубовите бил бекот Абел Ксавиер кој од Евертон направи трансфер во Ливерпул во 2002 година.