Работнички го промовира Дин Аломеровиќ!

439

Работнички доведе уште едно ново засилување во тимот за претстојната сезона. Нов фудбалер на нашиот тим е Дин Аломеровиќ, кој вторпат во кариерата ќе го носи дресот на Работнички.

Аломеровиќ последно настапуваше во Реал Баломпедика во Шпанија. Игра на левата бековска позиција, а може добро да се снајде и како офанзивен играч по левата страна. Тој во Македонија уште има играно и за Вардар, Македонија ЃП и за Еуромилк.

Дин Аломеровиќ (24) е поранешен младински репрезентативец на Македонија.

ПретходноПрвпат по 19 години реализиран трансфер меѓу ривалите Ливерпул и Евертон
СледноНовиот дрес на Ајакс е вистински хит! (ФОТО)