Севиља не застанува – го објави петтото засилување

390

Ден за ден, Севиља е посилна за некој фудбалер. Андалузискиот тим денеска го објави петтото засилување за новата сезона, а за работи за напаѓачот Рафа Мир кој доаѓа од Вулверхемптон. За Шпанецот Севиља плати 16 милиони евра, а потпишан е договор до јуни 2027 година!

Интересно е што Вулверхемптон заработи добри пари од него затоа што во 2018 година го купи за околу 2 милиони евра од Валенсија. Тој не се изнаигра во Премиер лигашот туку беше позајмуван во Лас Палмас, Нотингем Форест и минатата сезона беше во Уеска за која постигна 22 гола во 56 натпревари.

Претходно Севиља ги донесе Ерик Ламела од Тотенхем, голманот Марко Дмитровиќ од Еибар, потоа левиот бек Лудвиг Аугустинсон од Вердер, па десниот бек Гонзало Монтиел од Ривер Плата.

Клубот го напуштија Брајан Жил кој отиде во Тотенхем, Серхи Гомез и Алеш Видал кои заминаа во Еспањол и Томас Вацлик во Олимпијакос.

ПретходноВаран и Кавани во комбинација за против Саутемптон
СледноТрансферот на Николов во Шериф е првиот поголем трансфер на менаџерот Остоја Стјепановиќ!