Три од три за ПСЖ и без Меси, Нејмар, Рамос… (ВИДЕО)

595

Маурисио Покетино ја оствари и третата последователна победа на стартот на сезоната во француската Лига 1. Ѕвездениот ПСЖ вечерва замина како победник и од гостувањето кај Брест, откако славеше со 4:2.

Без Меси, Нејмар и Рамос кои се уште не се во тимот, ПСЖ на крилата на Мбапе, Икарди и останатите, вечерва славеше и во третиот натпревар од новата сезона. Интересно, иако беше најавен, вечерва не стартуваше голманот Донарума, кој остана резерва на Навас кој и овој пат беше стартер на голот на парижани.

Со головите на Ерера и Мбапе, ПСЖ поведе со 2:0 во првите 36 минути од средбата, а во завршницат ана полувремето домашните намалија преку Хонорат.

Во вториот дел се чекаше до 73. минута кога Гуеје успеа да зголеми на 3:1, а домашните се вратија за интересна завршница со голот на Муние во 85. минута. Сепак, Ди Марија со гол во 90. минута ја потврди очекуваната победа на гостите.

ПретходноЛајпциг го „растури“ Штутгарт во првиот меч од 2. коло во Бундеслигата (ВИДЕО)
СледноКуман не сака да го продаде Кутињо: Апсолутно сметам на него оваа сезона