По стартната убедлива победа над Ајнтрахт (Ф) во 1. коло од новата сезона, еден од кандидатите за шампионскиот наслов во Бундеслигата, Борусија (Д) доживеа пораз на гостувањето кај Фрајбург од 2:1. Домашните одиграа одличен меч и се до 60-тата минута на мечот имаа комплетна контрола на резултатот.
Фрајбург отвори со голот на Грифо во 6. минута, а Салаи во 53. веќе зголеми на 2:0.
Благодарение на автоголот на Кеител, Борусија (Д) во 59. минута успеа да намали на 2:1.
Голема бундеслигашка победа денеска оствари Бохум кој со 2:0 го совлада Мајнц. По подолга пауза, повратникот во елитата славеше на елитен меч и ги освои првите бодови сезонава.
Во последните две минути во Берлин, Волфсбург се избори за големи три бода, откако Нмеча погоди за 2:1 и за победа на „волците“ во дуелот со Херта.
Гројтер Фирт и Арминија одиграа без победник, 1:1, а реми заврши и мечот во Фракнфурт меѓу Ајнтрахт и Аугзбург.
БУНДЕСЛИГА – 2. КОЛО
Бохум – Мајнц 2:0
Ајнтрахт (Ф) – Аугзбург 0:0
Фрајбург – Борусија (Д) 2:1
Херта – Волфсбург 1:2
Гројтер Фирт – Арминија 1:1
Баер (Л) – Борусија (М) – 18.30 ч.