Јирген Клоп во новата сезона влезе со една промена, која речиси и сите ја забележаа. Станува збор за неговиот заштитен знак, а тоа се очилата за гледање.
Предводникот на Ливерпул направил операција на очите, па токму затоа во иднина нема повеќе да има потреба од очила.
„Црвените“ денеска имаа одличен ден, го совладаа Барнли со 2-0 во рамките на 2. коло во Премиер-лигата.