Уште еден „македонски“ дуел денеска се одигра во рамките на шампионатот на Словачка. Тимот на Ружомберокна домашен терен на чело со Тихомир Костадинов го пречека Спартак Трнава на МИлан Ристовски.
Мечот заврши без голови, и покрај тоа што домаќинот имаше и пенал на располагање но не го реализираше.
И Костадинов и Ристовски одиграа по деведесет минути, а секако и обајцата ќе бидат на списокот на селекторот Благоја Милевски за претстојните квалификациски предизвици.