ИКОНА. ЛЕГЕНДА.ГРАНДЕ. Ова се само дел од епитетите за Горан Пандев и неговиот фудбалски живот. Горан Пандев денеска во Милано на „Џузепе Меаца“ против Интер, како фудбалер на Џенова, ќе ја стартува своја 18-та сезона во серија А.
И токму затоа е легенда. А Гранде е поради неговите одиграни 473 натпревари и постигнати 101 голови во една од најсилните лиги во светот.
Да траеш толку долго во врвот, е тоа го можат само најдобрите, мајсторите, фудбалските генијалци како нашата фудбалска икона.
Анкона, Лацио, Интер, Наполи, Џенова се клубовите за кои играше Македонецот.
Што ти е судбина.
Токму против Интер, против некогашниот негов клуб со кого стана италијански, европски и светски првак, денеска Пандев во 18:30 часот во Милано, ја почнува својата нова, веројатно и последна одисеја во Серија А.
Со среќа Гранде…и многу голови и оваа сезона, последната.