Убав гест на Зинедин Зидан, довчерашниот тренер на Реал Мадрид, некогаш еден од најдобрите фудбалери во светот. Имено, како што пренесуваат медиумите во Франција, неговата фондација донирала 2 милиони евра за настраданите од пожарите во Алжир. Познато е дека Зидан има потекло токму од Алжир, па така овој хуман гест добива на значење.
На социјалните мрежи сега се води полемика дека сепак тоа не се лични пари на Зидан, туку на неговата фондација. Во секој случај убав, прекрасен гест на Зизу.