Е.Пелистер не успеа да приреди изненадување против Мешков Брест, беше поразен и надигран на првиот четвртфинален натпревар за место на Ф4 во СЕХА-лига. Битолчани на реваншот патуваат со негатива од четири гола 27-31, а тренерот Жељко Бабиќ убедува дека неговиот тим може и мора да игра подобро од ова.
„Честитки до Брест за победата. Ние сме емоционално празни по Суперкупот и турнирот во Струга, играчите се уморни. Второ потфрливме тактички, физички и ментално, тоа е моја одговорност и на моите соработници. Можеме да играме подобро, јас сум оптимист. Пелистер ќе биде поинаков во Брест. За време на викендот на играчите да им објаснам што треба да направиме за да играме подобро против една искусна екипа како што е Мешков“, изјави Бабиќ.