Вечерва во меч од 2.коло во новата сезона во Ла Лига, Атлетик Билбао и Барселона одиграа 1:1. Убав, квалитетен меч на “Сан Мамеш“ по кој домашните фудбалери може да жалат што не победија зошто не само што водеа, туку имаа барем 3-4 зицери. Сепак Барса се спаси, а во финишот можеше и до пресврт, до победа.
Домашните поведоа со голот на Иниго Мартинез во 50.минута, и тоа по убавиот шут со глава кога најдобро се снајде пред голот на Барселона. Кога се чинеше дека гостите се на колена, Мемфис Депај, по асистенцијата на Серџи Роберто, во таа 75.минута го израмни резултатот. На крај да кажеме дека и двајцата стопери на Барса, Пике и Гарсија не ја заврпшија средбата. Првиот се повреди и мораше предвреме да биде заменет, а вториот во 90.минута доби црвен картон.
ФОТО: Athletic Club Twitter