Бензема: Секој ден уживам во сонот што сум дел од најдобриот клуб во светот!

234

Карим Бензема вчера и официјално го продолжи договорот со “кралевите“ до 2023 година. Во присуство на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез беше одржана и промоција на новиот договор на репрезентативецот на Франција.

Тој потоа даде интервју за клупската ТВ на Реал, па покрај другото го кажа и ова…

Реал Мадрид ќе биде најдобриот клуб во светот. Не можам да кажам дека бевме непобедливи во Лигата на Шампионите, но да го подигнеш тој пехар во четири наврати навистина тоа е голема работа. Дури и еднаш да го освоиш е нешто посебно, а ние тоа го сторивме трипати по ред. Можам да кажам дека јас секој ден уживам во сонот што сум дел од најдобриот клуб во светот“ потенцираше Бензема.

ФОТО: realmadrid twitter

ПретходноКуман не сака да го продаде Кутињо: Апсолутно сметам на него оваа сезона
СледноЕкс – играч на Барса: На тренинг не смеевме да го допреме Меси!