Ракометарите на Вардар ќе играат во финалето на „Хумел Купот“ во Магдебург, откако денеска во полуфиналниот дуел со дански Холстебро славеа со 33-28.
Вардар имаше доброотворање на мечот и на пауза замина со минимална предност од 14-13. Во второто полувреме, вардарци се одлепија на плус четири гола во првите 10-тина минути, што практично и беше најава за победата.
Противник на Вардар во мечот за трофејот на „Хумел Купот“ ќе биде победникот од второто полуфинале меѓу Магдебург и Горење.