Вардар ја совлада Беласица со 1-2 во Струмица во последниот контролен меч пред стартот на новата сезона, во која „црвено-црните“ ќе бидат во второлигашкото друштво. Стрелци за Вардар беа Дарко Гроздановски во 73. минута и Трајче Стојковски во 78. минута.
Во првото коло од Втората лига – Запад, Вардар ќе му гостува на Кораби, додека пак Беласица ќе ги одмери силите со Детонит јуниор во Втора лига – Исток.