Најтрофејниот македонски фудбалски колектив тимот на Вардар својата второлигашка авантура ќе ја стартува на гостувањето кај Кораби.
Денеска во просториите на ФФМ беа извлечени конечни двојките за првото коло од новата второлигашка сезона, а во неа Вардар ќе замине во Дебар на самиот старт.
Силекс ќе гостува кај Кадино, Тетекс домаќин на Велешта, Гостивар кој во меѓувреме ги подмири побарувањата на име котизација ќе ја пречека Воска на свој терен, додека пак Охирд ќе игра со Беса.
Првото коло се игра на 25. август