Во Охрид се одржа Критериска Регата – „Заедно за иднината на езерото”

93

Во организација на Здружението за спортско едрење „Акватика Јахтинг” од Охрид, Едриличарска Федерација на Македонија и Агенцијата за млади и спорт, во Охрид се одржа Критериска Регата „Заедно за иднината на езерото” која беше дел од редовниот календар за натпреварувачката 2021-ва година.

Учествуваа екипите „Акватика Јахтинг” од Охрид и „Снегар” од Струга, кои се натпреваруваа во три категории, а беа постигнати следниве резултати:

Класа Оптимист, девојчиња до 12 години:

  1. Андреа Кавај
  2. Анастасија Лазеска
  3. Мила Булатовиќ

Класа Оптимист, момчиња до 12 години:

  1. Берк Љушо
  2. Марко Милески
  3. Стефан Бараковски

Класа Оптимист, девојчиња:

  1. Андреа Кавај
  2. Јана Чулаковска
  3. Анастасија Лазеска

Класа Оптимист, генерален пласман:

  1. Андреа Кавај
  2. Берк Љушо
  3. Мерт Љушо

Класа Ласер 4.7:

  1. Софија Ставрева
  2. Јана Неданоска
  3. Илина Гаџовска

Класа двосед 470:

  1. Наум Стојановски и Миа Љушевска
  2. Дамјан Пашоски и Славчо Мургоски
  3. Андреа Танасоска и Стефанија Карадимче

„Критерските регати се организираа цело лето и се бодуваа за да се создаде репрезентација во едрење, која би настапила, доколку дозволат условите со ковид-пандемијата, на Балканскиот шампионат што обично се одржува во септември. Горд сум што ова лето, почитувајќи ги сите предвидени мерки за заштита, успеавме да организираме неколку Критериски регати. Освен натпреварувачкиот карактер, ние воедно се грижиме и секојдневно работиме да го зачуваме и заштитиме Охридското езеро и да имаме помалку пловни објекти кои го загадуваат“, рече Претседателот на Едриличарската Федерација на Македонија, Будимир Соколовиќ.

ПретходноШампионски старт: Интер ја растури Џенова, Пандев одигра цел меч (ВИДЕО)
Следно„Фармацевтите“ моќно против Борусија (М) на првиот домашен меч сезонава (ВИДЕО)