Искусниот централен бек Гери Кејхил ја продолжи кариерата во Борнмут кој оваа сезона се натпреварува во Чемпионшип дивизијата. 35-годишниот поранешен англиски репрезентативец послед ните две сезони ги помина во Кристал Палас, а откако му истече договорот се пресели во Борнмут.
Потпишана е соработка на една сезона и ќе работи со Скот Паркер со цел „црвено-црните“ да се вратат во англиското елитно друштво.
„Долго време играв во Премиер лигата, па ми беше тешко да отидам во друга лига. Но Борнмут ми даде шанса да играм во Чемпионшип. Го погледнав тимот, тоа се млади и перспективни момци, имаат добар менаџер и целта им е да се вратат во Премиер лигата. Мислам дека екипата има капацитет да се врати во најсилната англиска лига. Гледам глад за успех и желба за фудбал, а тоа и ме привлече“, изјави Кејхил.
Кејхил ја почна кариерата во Астон Вила, а потоа играше како позајмен во Барнли и Шефилд Јунатед, потоа четири и пол сезони во Болтон од каде замина во Челзи и играше седум и пол сезони притоа освојувајќи две шампионски титули, Лига Европа и Лигата на шампионите.
Во меѓувреме Борнмут работи и на позајмица на 19-годишниот фудбалер на Манчестер Сити Морган Роџерс