Интересно било на тренинзите на Барселона до пред некој ден, додека Лео Меси беше член на каталонската гордост. Имено некогашниот член на Барса, Жан-Клер Тодибо, инаку француски дефанзивец, изнесе интересено податок.
„На тренинзите на Барселона ниту еден фудбалер не смееше да го допре Меси, а камо ли да стартува врз него. Никој не смееше тоа да го направи. Стравувавме да не го повредиме. Можеби звучи бизарно, но така беше. Тој е најдобриот фудбалер во светот на сите времиња“ изјави Тодибо.
Инаку тој сега е фудбалер на Ница и сигурно е дека кога ќе игра против ПСЖ сега ќе може да стартува врз Меси колку и да сака.