ФОТО: Тwitter/Liverpool FC
Екипата на Ливерпул ја запиша втората победа сезонава во Премиер лигата, а овојпат совладан е Барнли на „Енфилд роуд“ со 2:0. Момците на Јирген Клоп мошне сигурно влегоа во мечот, а во 18-тата минута поведоа со прекрасниот гол на Диого Жота на нафрлување на Цимикас. Десеттина минути подоцна Салах постигна гол кој беше поништен поради офсајд по реакција на ВАР.
Во 69 минута Садио Мане се погрижи Ливерпул да го удвои водството, а на крајот тој резултат се покажа како конечен. Идната недела Ливерпул во 3. коло ќе биде домаќин на Челзи, додека Барнли ќе оди на мегдан со Лидс на свој терен, но пред тоа, во четврток ќе игра со Њукасл во рамките на Лига купот.