Каменица Саса поразена и од Бешикташ во ЛШ

270

ФОТО: Twitter.com/Beşiktaş Vodafone Kadın Futbol

Македонскиот шампион во женска конкуренција Каменица Саса го заврши настапот на квалификацискиот турнир во Лигата на шампионите. По поразот од Јувентус со 12:0, македонскиот првак играше за трето место со турскиот Бешикташ и загуби со 4:0.

Избраничките на Зоран Златковски добро се држеа до 57. минута, а тогаш напаѓачката на „црно-белите“ Ураз Јагмур ја затресе мрежата. Во 77. минута Карабулук зголеми на 2:0, а десеттина минути подоцна Инџик од пенал зголеми на три разлика, конечниот резултат го постави Ханџар во судиското продолжение.

Инаку турнирот се играше во Торино, Италија.

ПретходноСејдини изврши увид во изградбата на трибината на СРЦ „Билјанини извори“
СледноШкендија реагира на судењето