Кеитлин Метју се врати во Бадел 1862

276

Екипата на БАдел 1862 следната сезона ќе биде посилна за Американката Кеитлин Метју. Таа е повратник во составот затоа што беше дел од тимот на Бадел 1862 и во сезоната 2016-17. Таа со себе носи квалитет и искуство затоа што има настапувано во колеџ лигата на САД, како и во Германија, Данска и Бугарија.

„Благодарна сум што имам можност повторно да играм за тимот на Бадел 1862. Возбудена сум што можам да учествувам во АБА лигата на повисоко ниво. Едвај чекам да дојдам повторно во Скопје и на теренот со поранешните соиграчки, кои придонесоа искуството со клубот да биде за мене вистинско уживање“ – изјави Метју.

ПретходноРистески: Да продолжи позитивната серија и во Струмица
СледноБлертон Шеји: Враќањето во Струга за мене ќе биде емотивно!