КМФ Проект ги торпедираше “делфините“ од Израел!

255

 

Квалитетно издание и убедлив триумф со 6:0 на нашиот шампион КМФ Проект, на стартот од квалификациите во футсал Лигата на Шампионите. Вечерва во салата “26 април“ во Гевгелија, нашиот тим во целост го надигра составот на Делфинс Ашдод од Израел. Уште во втората минута КМФ Проект поведе со голот на Крстевски, до крајот на првото полувреме Диедунов си даде автогол за наше водство од 2:0. Само што започна вториот дел, Петровиќ зголеми на 3:0. И ова не беше се од македонскиот првак, Мар. Тодоровски во финишот зголемува на 4:0, а Петровиќ со два гола водството го направи уште поубедливо за конечни 6:0 и прво место во групата А по првото коло.

Да кажеме дека во првиот меч од 1.коло во групата –А, исто во Гевгелија, екипата на Луксол од Малта со 5:0 славеше против ЦФН Друидс од Велс.

Веќе утре нашиот шампион во 20 часот, во меч од 2.коло се среќава со ЦФН Друидс, додека во вториот меч силите ќе ги одмерат Луксол и Делфинс Ашдод.

 

ФУТСАЛ Квалификации – Лига Шампиони

КМФ ПРОЕКТ – ДЕЛФИНС АШДОД 6:0 (2:0)

Сала “26 април“ во Гевгелија. Судии: Алем Бајровиќ (БиХ), Телмен Ундракх (НОР), Дамијан Грабовски (ПОЛ). Стрелци: Крстевски 1.11., Диедунов (авт) 18.54., Петровиќ 22.50, 37.57, 39.38, Мар. Тодоровски 36.16, (ПРО). Ж. Картони: Петровиќ, Мехмединовиќ (ПРО), Дахади (АЖД).

КМФ ПРОЕКТ: Петровски, Крстевски, Глигоров, Ранготов, Мар. Тодоровски, Ефтимов, Стојановиќ, Мехмединовиќ, Давчевски, Михајлов, Ивановски, Петровиќ.

АЖДОД: Моисеев, Дахади, Т. Сколник, Бар-Ел, Диедунов, Хафиф, Воронин, Кадош, Нојман, И. Сколник, Кахрамонов, Халеви.

ПретходноФановите на Вардар го развиорија македонското знаме во Магдебург
СледноЕ.Пелистер со негатива од четири гола патува во Брест