КМФ Проект денеска го стартува турнирот од Лигата на Шампионите

201

Македонскиот футсал шампион, тимот на КМФ Проект денеска со почеток од 20:00 часот го игра првиот дуел од прелиминарната фаза од Лигата на Шампионите и тоа на домашен терен против екипата на Долфинс Ашдод од Израел.

Нашиот претставник ќе се обиде да го изненади ривалот, и што подобро да се позиционира на табелата за во пресрет на преостанатите два дуели од групата.

А тие се против екипите на Цефри од Велс, која е главен фаворит на турнирот, и против Луксол С од Малта.

Првиот во групата заминува во следната фаза, но и најдобро второпласираниот од сите групи.

 

ПретходноСтефан Чолаковски на списокот на Канатларовски
СледноВардар ќе стартува кај Кораби како второлигаш