Тимот на Милан дефинитивно го позајми Алесандро Флоренци од Рома за следната година. Истата чиини еден милион евра, а доколку Милан сака целосно да го откупи ќе мора да доплати дополнители 4 милиони.
„Многу ми беше мило што Милан беше упорен да ме донесе на Сан Сиро. Тие ме посакуваа повеќе од другите клубови вклучувајќи и неколку надвор од Италија, па затоа отидов во Милан. Едвај чекам да истрчам на терен со новиот дрес и новата екипа“, изјави Флоренци.
Флоренци веќе одигра позајмици во Валенсија однсоно ПСЖ, а во Милан се надеваат дека се ќе биде во ред со документацијата, односно формата на Флоренци и тој ќе може да настапи веќе в понеделник кога Милан го стартува новиот шампионат против Сампдорија.