Милевски в среда го објавува списокот, на него ќе биде и Адис Јаховиќ!

1695

Новиот селектор Благоја Милевски, како што дознаваме, во среда ќе го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за септемврискиот квалификациски циклус. Да потсетиме, на 2 септември играме со Ерменија, три дена подоцна гостуваме на Исланд, а на 8 септември пак ја дочекуваме Романија.

Ова ќе биде прво негово објавување на список на играчи за А- репрезентацијата, познато е дека тој од 1 август е новиот селектор на Македонија и дуелот со Ерменија ќе му биде и деби – натпревар како предводник на нашата најдобра селекција.

Нема да има некои поголеми изненадувања во врска со списокот. Ќе се чека до последно на Аријан Адеми, ќе се чека и викендов да се види во каква форма ќе бидат одредени играчи кои играат за својата екипа. Секако дека ќе има мало освежување со некои помлади играчи, како Серафимов, Миовски.

Што се однесува пак до Адис Јаховиќ, искусниот голгетер на Гезтепе, тој доби повик и дефинитивно е на списокот на играчи кои Милевски ќе ги објави во среда за трите меча во квалификациите за СП во Катар 2022 година.

Ова за Јаховиќ ќе биде повторно враќање во репрезентацијата по неколку години.

ПретходноПеп продава тројца за да може да го добие Хари Кејн!
СледноХамес се враќа во Порто!