Денеска во рамките на 2. коло на Премиер лигата на „Енфилд“ се среќаваат Ливерпул и Барнли. На почетокот на средбата тренерот на гостите Шон Дајч направи нешто што одамна се нема случено во најсилната англиска лига. Гостите на „Енфилд“ истрчаа со дресови од 1 до 11 што во далечно време тоа беше нормално, но во поново време е вистинска реткост.
Впрочем, претходно во Премиер лигата вакво нешто е видено во сезоната 1998/99, а го направил Чарлтон.