Битолчани не ги исполнија очекувањата, иако за противник имаат силен тим, сепак потфрлија против Мешков Брест. Во еден момент негативата на теренот изнесуваше и осум гола, на крајот поразот од 27-31 изгледаше како премија.
Пред реванш средбата играчите и стручниот штаб ќе мора да се поправат, не само за оваа средба туку и за новата сезона во која не смеат да си дозволат едно вакво издание.
„Игравме против врвен тим, но многу лошо отворивме и исклучени беа двајца наши многу важни ракометари за играта во одбрана и мислам дека тоа пресуди. Сигурно дека треба да се подигнеме, да извлечеме поука од овој натпревар и да бркаме четири гола за полуфинале во Белорусија“, изјави Јосип Периќ.