Актуелниот шампион Манчестер Сити одигра одличен меч и постигна убедлива победа од 5:0 во денешниот меч од 2. коло на англиската Премиер лига против екипата на Норвич. Ова беше прва победа на „граѓаните“ сезонава, по стартниот пораз кај Тотенхем, додека за Норвич ова беше втор последователен пораз.
Победата на тимот Пеп Гвардиола дојде прилично лесно, откако уште во 7. минута по една одлична акција голманот Тим Крулси постигна автогол и им донесе предност на шампионите.
Во 22. минута веќе беше 2:0, откако новајлијата кај Сити, Џек Грилиш погоди во гостинската мрежа. Во 64. минута беше 3:0 со голот на Лапорт, додека Стерлинг во 71. минута зголеми и на 4:0.
„Петардата“ пукна во 84. минута, а стрелец беше Ријад Марез .
На другите натпревари што се одиграа попладнево, Лидс Ј. извади реми (2:2) дома против Евертон, кој двапати водеше, додека Астон Вила со 2:0 му пресуди на Њукасл. Без голови заврши дуелот меѓу Кристал Палас и Брентфорд.
ПРЕМИЕР ЛИГА – 2. КОЛО
Ливерпул – Барнли 2:0
Астон Вила – Њукасл 2:0
Кристал Палас – Брентфорд 0:0
Лидс – Евертон 2:2
Манчестер Сити – Норвич 5:0
Брајтон – Ватфорд 18:30 ч.