Лацио ја почна новата сезона во Серија А со убедлива победа кај Емполи од 3:1. „Лацијалите“ дозволија да примат гол уште во 4. минута преку Бандинели, но брзо се освестија и под водство на новиот стратег Маурицио Сари брзо се вратија во игра.
Милинковиќ-Савиќ во 6. минута израмни, а Лазари веќе во 31. минута донесе пресврт за водство на римјаните со 2:1. До крајот на првиот дел Лацио веќе имаше предност и од 3:1, откако Чиро Имобиле во4 1. минута реализираше пенал.
Колку и да се трудеа, домашните во вториот дел не успеаја да реализираат ниту една шанса, па резултатот остана оној од полувремето.
На вториот вечерен дуел, Торино можеше да извлече реми дома против Аталанта. Гостите поведоа со голот на Муриел во 6. минута и водеа се до 79. минута кога Белоти израмни на 1:1. Иако мечот со овој резултат влезе во продолженијата, Пиколи во 93. минута погоди за Аталанта и за победа на гостите од Бергамо од 2:1.