Никола Серафимов и Даниел Миловановиќ успеаа со својот тим Залаегерсег да триумфираат на гостински терен кај Дебрецин со 2:1 во чии редови настапи Давид Бабунски.
Гостите на овој меч се покажаа како подобар противник и поведоа во првиот дел со 0:1. Во тие моменти Серафимов со глава имаше можност да зголеми и на 0:2, но биеше над голот. Бабунски беше заменет на полувреме, а неговиот тим успеа да израмни на 1:1. Сепак, до крајот гостите повторно дојдоа до водство, овојпат и за да ги освојат трите бода.
Ова за тимот на Залаегерсег беше првиот триумф сезонава, а веќе е познато дека Никола Серафимов го доби и првиот повик за А репрезентацијата на Македонија, за претстојните квалификациски предизвици.