Сејдини изврши увид во изградбата на трибината на СРЦ „Билјанини извори“

959

ФОТО: www.ohridnews.com

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини денеска во Охрид имаше средба и со градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески со кого извршија увид во заедничкиот проект за подобрување на спортската инфраструктура во градот.

Новата источна трибина на стадионот на СРЦ Билјанини извори го добива комплетниот лик. Во тек се завршните активности.

Во моментов сме во завршна фаза, активностите се интензивираат деновиве, бидејќи знаеме дека нашата млада репрезентација до 21 година на 7 септември ќе одигра натпревар на овој стадион. Со завршување на активностите наскоро СРЦ „Билјанини извори“ ќе добие нова трибина која ќе му даде лик на овој стадион. Ме радува фактот што актуелниот градоначалник на општина Охрид, Георгиески, максимално дава поддршка на сите клубови за да се стимулираат сите спортови во општината. Тоа се прави само со цел младината да спортува, да не се бават со лоши работи“, изјави Сејдини за порталот „Ohridnews“.

Трибината се гради заеднички во соработка на Фудбалската федерација на Македонија и општина Охрид со поддршка на УЕФА.

ПретходноЧурлинов со асистенција на дебито, неговиот Шалке убедливо поразен
СледноКаменица Саса поразена и од Бешикташ во ЛШ