Македонија освои и злато на Европското првенство во карате за кадети, јуниори и У-21 во јуниорска конкуренција кое се одржува во Финска. Денеска Стефан Стојановиќ стана европски првак во категоријата над 76 килограми, откако во финалната борба славеше против Италијанецот Матео Авназини со 5-4.
На патот до финалето Стефан славеше против Амир Зуауи (Франција) 4-2, Мартин Елијас (Чешка) 3-2, Артјом Јермолаев (Латвија) и Хуберт Јароцки (Полска) 2-1.
Македонија освои три медали на ова ЕП, откако Матеј Белистојаноски денес стана бронзенм, а вчера Андреј Басаров освои сребро во кадетска конкуренција во категоријата над 70 килограми.