Стефан Чолаковски на списокот на Канатларовски

991

Македонскиот интернационалец од редовите на Австралискиот прволигаш Мелбурн Сити се најде на списокот на репрезентацијата на Македонија до 21. година за следните квалификациски предизвици.

Чолаковски ќе биде новиот напаѓач на младинската репрезентација, селекторот Драган Канатларовски кој смета на големиот талент од Австралија за следните мечеви, а тоа се против Франција на гостински терен на 2. септември, како и против Србија на 7. на домашен терен во Охрид. Тој ќе дебитира за Македонија ако секако се биде во ред, затоа што во претходните наврати поради ковид протоколите во Австралија не можеше да се појави на У21 собирот.

Селекторот Канатларовски ќе го објави списокот  за овие два натпревари најверојатно во понеделник следејчи ги нормално настаните од викендов и мечевите кои ќе се играат.

Секако, заедно со Чолаковски во У21 составот на Македонија од Австралија пристигнува и Метју Божиновски од Мелбурн Виктори кој веќе и е познат на македонската јавност со оглед на фактот што беше дел од последниот тренинг камп на стартот на летово.

 

ПретходноХамес се враќа во Порто!
СледноКМФ Проект денеска го стартува турнирот од Лигата на Шампионите