Фановите на Вардар го развиорија македонското знаме во Магдебург

871

Вардар 1961 се пласираше во финалето на „Хумел Купот“, кој се одржува во Магдебург, откако го совлада Холстебро со убедливи 33-28. Македонскиот првак во битка за трофејот ќе игра со Магдебург, кој го совлада Горење со убедливи 33-23.

На трибините, ракометарите на Вардар 1961 имаа мала, но значајна поддршка. Фановите на „црвено-црните“ дојдоа „наоружани“ со дресови и шалчиња во боите на Вардар 1961, но не заборавија да го распостелат и македонското знаме.

Финалето е закажано за утре со почеток во 15:30 часот.

ПретходноДробаров и Черно Море лидери во Бугарија
СледноКМФ Проект ги торпедираше “делфините“ од Израел!