Баер Леверкузен славеше убедливо на домашната премиера сезонава во Бундеслигата со 4-0 (2-0) над Борусија Менхенгладбах. Автоголот на голманот Јан Сомер го доведе домашниот тим во водство уште во 3-та минута од натпреварот, а голеадата ја продолжи Патрик Шик, кој зголеми малку подоцна (8’) и на 2:0.
Екипата на Ади Хотер разочара со пристапот во второто полувреме, во кое дозволи домашните уште двапати да ја погодат мрежата на Зомер. Муса Диаби погоди во 55’ за 3:0, а Надием Амири во 87’ ги постави конечните 4:0.