Францускиот маратонец Аксел Ремон е победник на јубилејниот 50. Охридски пливачки маратон. Ремон ја исплива патеката долга 25 километри од Свети Наум до Охрид со време од 5:10.31 часа.
На втората позиција се најде Стокино од Италија, додека трет заврши нашиот најдобар маратонец, Евгениј Поп Ацев кој заостана само три секунди зад победникот.
Во женска конкуренција победничката исто така дојде од Франција. Осеан Касињол оствари најдобро време на целта и го освои првото место.