Хамес се враќа во Порто!

355

Заработува по 12 милиони евра годишно а не знае со кого неговиот Евертон ќе го игра следниот натпревар. Ова навистина го може само Хамес Родригез кој го чека својот прв настап во дресот на “карамелите“ во оваа сезона.

Тоа наиде на голем гнев кај фановите од “Гудисон“, кои не кријат дека не се задоволни од некогашната мега – ѕвезда на Реал Мадрид и Баерн.

Но, и самиот Хамес не крие дека сака да си оди што побргу од Евертон.

Се споменува Милан како негов следен клуб, но последните информации велат дека Колумбиецот најверојатно ќе се врати во Порто, каде што беше од 2010 до 2013 година.

ПретходноМилевски в среда го објавува списокот, на него ќе биде и Адис Јаховиќ!
СледноСтефан Чолаковски на списокот на Канатларовски