Дарко Чурлинов дебитираше во дресот на Шалке во 4. коло на втората германска лига, а неговиот тим доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Јан Регенсбург со 4:1. Регенсбург водеше и со 3:0, а Чурлинов влезе во игра во 62. минута и му асистираше на Симон Тероде кој стрелаше за намалување на резултатот. Сепак, до крајот Шалке прими уште еден гол и го загуби мечот.
Инаку ова е втор пораз на Шалке оваа сезона во Цвајте, а по четири кола има освоено четири бода. Јан Регенсбург е лидер со максимални 12 бода.
ФОТО: Twitter/FC Schalke 04