Шампионски старт: Интер ја растури Џенова, Пандев одигра цел меч (ВИДЕО)

188

Извонреден старт на новата сезона за шампионот на италијанската Серија А, Интер. На домашен терен, „нероаѕурите“ го прегазија тимот на Џенова предводен од нашиот Горан Пандев со 4:0.

Уште на самиот почеток беше јасно дека Интер иако со многу променет тим од оној шампионскиот од минатата сезона, па и со нов тренер, ќе биде доминантен во секој поглед во однос на Џенова. Домашните поведоа брзо преку Шрињар во 6. минута, за во 14-тата веќе да биде и 2:0 со еден прекрасен гол на Турчинот Чалханоглу.

Во вториот дел Џенова притисна, но беше далеку од гол. Следуваа уште два во гостинската мрежа преку Видал и Џеко за конечни 4:0.

Во вториот меч на отворањето на сезоната, Сасуоло замина како победник од гостувањето кај Верона совладувајќи ја со 3:2.

ПретходноВардар победнички пред стартот на новата сезона
СледноВо Охрид се одржа Критериска Регата – „Заедно за иднината на езерото”