Шкендија се пофали со крилото Aденис Шала

314

Актуелниот македонски шампион Шкендија го претстави новото засилување на екипата, а тоа е Денис Шала кој доаѓа од тимот на Трепча од Косово. Шала има 22 години и е крилен фудбалер, а може да игра и како офанзивен играч за врска што е добро засилување за тимот предводен од Бруно Акраповиќ.

Инаку Шала потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на уште три години. Претходно бил во младинските категории на хрватски Хајдук и турски Фенербахче.

ПретходноКомплетен распоред за сезоната 2021/22 во ВМФЛ исток и запад!
СледноЧурлинов со асистенција на дебито, неговиот Шалке убедливо поразен